confide-iphone

Ова не е прва апликација од ваков вид, постојат и други меѓу кои што најпозната е Snapchat апликацијата популарна кај помладата генерација на корисници. Меѓутоа Confide се разликува од другите вакви апликации по неколку функции, а и за тоа за кого е наменета.

Confide, која што моментално е достапна на iPhone, е наменета за деловните корисници кои што сакаат да разменуваат пораки со содржина која што не би сакале некој да може да ја дознае. Тоа се пораки со деловни тајни или можеби едноставно пораки со информации за вработени. Она што го прави оваа апликација е заштита на пораката од било каква можност за копирање и дури и зимање на слика од екранот (screenshot).

confide-app-ios

Заштитата на пораките оваа апликација ја прави на неколку начини. Прво, тие се енкриптирани на двете страни, што значи нивното пресретнување е многу тешко, а исто така не е зачувана верзија од пораката на сервери од компанијата која што ја прави апликацијата, односно барем така тие тврдат. Втората заштита е преку само уништување на пораката, односно после читањето истата се брише од уредот на примачот и тој не може повторно да ја прочита или покаже на некого. Доколку и тоа не е доволно, текстот во пораките е покриен и не може да се прочита, па за негово читање потребно е поминување со прстот преку секој од зборовите. Ова овозможува да пораката во ниту еден момент не е целосно прикажана на екранот, па примачот нема да може да зачува слика од екранот. Доколку сепак се обиде истото да го направи, испраќачот ќе биде известен за истото.

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк. Компатибилна е со iPhone, iPad и iPod Touch, а работи само на најновата верзија од оперативниот систем, односно iOS 7.

Претходна статијаНовиот HTC One прикажан на неофицијално видео
Следна статијаНеофицијални слики од BlackBerry 10.3 надградбата, прикажува промени во дизајнот и нови функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.