Во Буенос Аирес, Аргентина, се одржа првата трка на автономни возила, ePrix. Но покрај тоа што ќе биде запомнета како прва трка од ваков вид, на неа ќе се сеќаваме и по судирот на еден од двата Formula E автомобили. Возилата се движеле со брзина од 185 километри на час, кога едното од нив завршило во заштитната ограда после нагло свртување во кривина.

Двете возила се производ на Roborace, прва компанија која произведува беспилотни тркачки автомобили. Оваа компанија се стреми кон создавање на аеродинамични возила со добар изглед коишто ќе можат да достигнат солидно високи брзини. Автомобилите коишто учествуваа на трката во Буенос Аирес се наречени DevBots, и една од најважните работи поврзани со нив е тоа што тие комуницираат меѓусебе со цел да не дојде до судир помеѓу нив. Сепак работите не испаднаа целосно по планот на Roborace.

После инцидентот од компанијата се огласија со доза на сарказам дека ниту еден возач не е повреден, но тоа што загрижува е дали оваа технологија целосно функционира под сите околности. Исто така велат дека ваквите случки им овозможуваат да научат повеќе работи за својот производ, се со цел да ги елиминираат сите недостатоци во иднина. Иако DevBot возилата се дизајнирани и за автономно управување и за управување од страна на човек, сепак трката во Буенос Аирес беше наменета целосно за автономно управување од страна на компјутерски софтвер. Како и да е, со нетрпение ја очекуваме следната трка од овој вид за да го видиме прогресот на Formula E возилата.

Извор: Engadget, Bgr

Претходна статијаEnergy Observer – брод кој сам произведува гориво додека плови
Следна статијаНема веќе бушење: Научниците открија начин како расипаните заби самите да се поправаат