Tesla се доста иновативни кога станува збор пронаоѓање на локации за инсталирање на Powerpack проекти. Овој пат своето место го најдоа помеѓу пиварници и винарии во Калифорнија. Овие гранки на стопанството од друга страна пак имаат потреба од големи количини на електрична енергија. Токму затоа Tesla инсталира нов Powerpack2 проект во една пивара во оваа област. Најголеми потрошувачи на енергија во пиварница се самата подготовка на пивото, ферментирањето, филтрирањето и пакувањето на пивата.

Слична инсталација на Powerpack проект се случи во винаријата Jackson Family Wine, која тогаш беше еден од првите проекти од овој вид. Оваа винарија ги користи предностите и придобивките на складираната електрична енергија која што им беше овозможена преку овој проект. Винаријата може да манипулира со енергијата која што главно ја користи за ладење, осветлување, компресија на воздух и третман на водата.

Сличен ефект се очекува да се постигне и во најновиот проект на Tesla во пиварницата Сиера Невада. Моќноста на системот се очекува да биде од 500 kW до 1 MWh. Системот ќе биде изработен во Гигафабриката на Tesla во областа Reno-Tahoe во Северна Невада. Пиварницата Сиера Невада и досега покажа огромна свест во трошењето на електричната енергија, поради што ја доби наградата “Green Business of the Year” во 2010 година. Оваа компанија и претходно имаше инсталирано 10,751 соларен панел, кои сега ќе бидат уште подобро искористени со системот за складирање на електричната енергија која што овие панели ќе ја произведуваат.

Следни проекти на листата на Tesla се ресорт на островите Фиџи и остров во Северна Каролина.

Извор: Electrek, Inhabitat

 

Претходна статијаZTE Hawkeye е смартфон кој ги следи вашите очи и се лепи на секоја површина
Следна статијаНовите фарови на Audi не се дозволени во САД