Улогата на седиштата во автомобилот е добро позната, да овозможи удобност на возачот и да го заштити во случај на сообраќајна несреќа. Но во иднина, покрај овие две работи треба да очекуваме и нешто повеќе. Се очекува седиштата да го одржуваат возачот буден преку детектирање на активноста на неговиот мозок. Ваква технологија е вградена во седиштата, поточно наслоните за глава, произведени во Changhong истражувачките лабаратории, кои беа претставени на шоуто за технологија CES оваа година во Лас Вегас.

Оваа технологија се базира на сензори кои можат да ја набљудуваат активноста на мозокот на возачот и можат да испратат сигнали доколку нешто не е во ред. Овие сензори можат да ја отчитаат активноста на оддалеченост од 15 до 20 сантиметри без никаков контакт со главата, што беше демонстрирано на CES 2017 користејќи симулативни екрани.

На симулацијата волонтерите забележале дека доколку се сконцентрирани на графиката на екранот, активирано е зелено светло. Кога „возачот“ не е сконцентриран на патот, односно волонтерот за момент го насочува погледот во неговиот смартфон, тогаш системот детектира промена во активноста на мозокот. Технологиите кои се користат за да се детектира оваа промена, се истите оние технологии кои се користат за детектирање на повреди на главата во медицината.

Две компании го тестираат овој најнов изум во своите возила. Едната е во Велика Британија, а другата е во САД. Доколку се детектира неактивност на возачот, засега се користи вибрирање на седиштето и воланот се цел да се разбуди истиот.

Извор: Wired, Futurist

Претходна статијаLG G6 ќе има систем за ладење на чипот
Следна статијаКако да изгубиш Geek дечко за 10 дена