bridge_builder

Кај нас булеварите и мостовите се „реновираат“ по неколку години, но не и кај кинезите. Всушност, тие постојано не` изненадуваат со техничките решенија кои ги користат за изградба на огромни градби за суперкратко време.

Најновата машина наречена SLJ900/32 има способност да ја изгради основната структура на еден мост за само еден ден. Интересното е што SLJ900/32 се движи по мостот и доставува парчиња од структурата кои се стабилизирани врз столбовите кои се веќе поставени.

SLJ900/32 е огромна, толку голема што слободно може да се спореди со некоја помала зграда. Тоа може да се види од видеото каде што работниците се практично мравки во сооднос. Машината патува по изградениот дел од мостот. Кога доаѓа до крајот, се потпира на едниот столб и потоа го вади готовото парче армиран бетон и го поставува.

Вака може да се изгради основната структура на цел мост за еден ден, па еден мост во целосна верзија може да се направи за помалку од недела дена. Интересно, можело да се изгради цел мост и километар пат без да се прикажува на секоја национална телевизија и да се печатат билтени. Не е ни чудно што се бр. 2 економија во светот.

Извор: Engineering, ShangaiIst

Претходна статијаНова апликација за iPhone може да мери тежина со помош на 3D Touch, но инстантно е исфрлена од App Store
Следна статијаSamsung Galaxy View е огромен 18,4 инчен таблет со Android