Живееме во време кога сите апарати околу нас стануваат „паметни“. Преку апликации од нашите смартфони ќе можеме да контролираме голем дел од овие апарати. Сето ова се случува со цел да ни се олесни животот во иднина. Но кога станува збор за облека, освен машините за перење, другите работите некако стојат во место. Gal Rozov од Израел, којшто е програмер по професија, измисли робот кој може да ја дипли вашата облека. Според него во овој момент од куќни апарати постои скоро се, од правосмукалки до машини за перење и сушење садови, и време е за роботизирано диплење на облеката.

Gal Rozov посветил доста време на неговиот изум кој е наречен FoldiMate и истиот наскоро ќе биде достапен за нарачка. Според Gal оваа иновација може да Ви заштеди и до 50% од времето коешто го трошите средувајќи ја облеката. Во просек се потребни три секунди за едно парче облека да се комплетира. Почетната цена за овој производ ќе изнесува 850 долари, но се очекува да падне како што нарачките ќе се зголемуваат.

Сепак може да претпоставите дека овој робот опфаќа поголеми парчиња облека како што се маици и кошули, што се однесува до детска и бебешка облека, како и чорапи, тогаш останува рачното диплење. Нарачките започнуваат во оваа 2017 година, а досега има речиси 200.000 заинтересирани за овој производ. Доколку не сте доволно добри во диплењето на вашата облека или мислите дека немате време за да го правите тоа, тогаш ова е вистинскиот производ за Вас.

Извор: Inc

Претходна статијаВо блиска иднина вештачката интелигенција ќе се изедначи со човековата
Следна статијаТелевизија, интернет и фиксна линија – три месеци бесплатни пакети од Неотел