Корејскиот гигант полека но сигурно навлегува во Windows 10 водите, правејќи свој уникатен еко систем, кој отсега ќе им овозможи на корисниците на нивниот одличен Tab Pro S таблет/лаптоп да го отклучат со читачот за отпечатоци вграден во нивниот Galaxy смартфон, а подоцна и за останатите Windows 10 корисници.

Во моментов, покрај Samsung Galaxy смартфонот мора да го поседувате и таблетот, што е одредено ограничување за многу корисници. Сепак, после фидбекот од многу корисници на Galaxy смартфони и други Windows 10 машини, Samsung одлучи да овозможи и други компјутерски корисници да ја инсталираат оваа апликација и да можат да го отклучат својот уред со читачот за отпечатоци во својот смартфон.

Според тоа, доколку имате компјутер кој нема некаков начин на заштита, односно читач за отпечатоци на прсти и/или скенер за ретината на окото, отсега ќе можете да го користите вашиот Galaxy смартфон за тоа.

Исто така, Flow апликацијата овозможува и синхронизирање на нотификациите од вашиот смартфон, кои ќе може да ги гледате и на компјутерот кога сте на него, што е одлична функционалност.

Flow апликацијата сѐ уште не е активна за останатите Windows 10 машини (засега е само активна за Tab Pro S), односно тоа треба да се случи во Април, кога Microsoft ќе ја пушти Creators Update надградбата.

Извор: Techno Buffalo, The Verge, Digital Trends

Претходна статијаМодул 3 – какви бенефити носи вашиот продукт?
Следна статијаMicrosoft го претстави Skype Lite во Индија – поедноставна верзија наменета за „послабите“ корисници