Веќе зборувавме за тоа која е разликата помеѓу вредност, функционалност и бенефити, а сега е време да дискутираме за тоа какви видови бенефити постојат.

Вашите бенефити може да дојдат од најразлични места – може дури и да се изненадите. Техничките функционалности, карактеристики или спецификации на вашата технологија може да овозможат најразличен сет на бенефити – далеку над она што е иницијално планирано. Постојат бенефити за перформанс, физички бенефити, бенефити во однос на цена, бенефити во однос на околина и бенефити во однос на продукт.

БЕНЕФИТИ ЗА ПЕРФОРМАНС

Овој тип на бенефити ги подобрува капацитетите на продуктите и сервисите во однос на:

  • брзина
  • јачина
  • брзина на процесирање
  • капацитет на процесирање
  • живот на батеријата
  • трошење на енергија

Бенефитите за перформанс се одлични, бидејќи се мерливи. Тие може да бидат тестирани и валидирани од трети лица или постоечките купувачи. Секогаш гледајте на метрики кои кажуваат прецизно која вредност ќе даде вашиот продукт на перформансот на купувачот.

Не е добра идеја да се промовираат бенефити кои се неосновани или за кои може да се покаже дека се лажни. Тие лошо влијаат на вашиот кредибилитет и тешко е да се добие нова шанса со купувачите, особено кога се настапува на нов пазар. Сведоштва на постоечките клиенти или валидација од трета страна се многу подобар начин за да се изгради доверба во брендот. Кога ќе ги промовирате вашите бенефити може да кажете:

  • “Нашиот процес на производство е два пати побрз, отколку традиционалниот процес” или
  • “Со користење на нашата технологија може да ја зголемите јачината на пластиката за 300%” или
  • “Технологијата на нашиот чип може да тестира 100 болести одеднаш”

ФИЗИЧКИ БЕНЕФИТИ

Тогаш кога се подобруваат тежината, големината, портабилноста, животниот век или отпорноста на временски услови, температура, корозија и слично, велиме дека станува збор за физички бенефити. Можеби вашата технологија е објект кој има предности во однос на големината или тежината. Вредноста на овие бенефити, слично како и претходните, може да се изрази метрички.

За останатите бенефити следете не’ во наредниот пост. Доколку не сте во тек со темата, претходниот пост за бенефити можете да го најдете тука.

Претходна статијаGalaxy Note 7 се враќа на некои пазари, но како “refurbished” модел со помала батерија
Следна статијаНаскоро ќе може да отклучите Windows 10 компјутер со читачот за отпечатоци на Galaxy смартфон