Долгогодишните корисници на Android оперативниот систем не можат да го замислат користењето на своите уреди без истите да бидат персонализирани . Оперативниот систем таквото персонализирање го овозможува преку низа „кратенки“ и виџети. Сепак, за подесување на истите делува комплицирано за новите корисници, како и за оние со послаби „програмерски“ вештини.

За таа цел, Google го лансираше #myAndroid Taste Test наменет токму за оваа платформа. Се работи за серија прашања поставени на корисникот. Одговорите, всушност ја сочинуваат базата на податоци со кои оперативниот систем предлага како уредот да биде персонализиран. Прашањата варираат во однос на темите, но се прецизно поставени со цел да се добие слика за потребите на корисникот. По завршувањето на „тестот“ оперативниот систем нуди линкови преку кои можат да се симнат апликациите и виџетите потребни да се исполнат потребите на корисникот.

И понатаму, Android ја задржува својата комплицираност, во цел на едеално персонализирање. Може да се забележи дека Google го акцентира токму тој елемент кој го прави Android специфичен. На сметка на унифицирањето кое го нудат другите, корисниците на Android имаа прилика својот уред да го подесат да функционира практично на нивните потреби, дизајниран според нив лично.

Претходна статијаAsus лансира ултра моќен гејмерски компјутер со „Стормтрупер“ дизајн
Следна статијаXiaomi Mi 6 Plus ќе има двојна камера?