360° фотографии како Cover photo на Facebook

Напишано на 31.08.2017 - 12:20 од Милош Милачиќ

Најпопуларната социјална мрежа Facebook ќе почне да поддржува користење на 360° фотографии како насловна фотографија(Cover photo). До сега, Facebook поддржуваше споделување на фотографии во овој формат, но само како содржини.

Со новите измени и самата апликација Facebook ќе овозможува правење фотографии со овој одличен формат за забележување големи пространства или панорами.

Измените започнуваат да се применуваат од овие недели, постепено за корисниците од различни делови на планетата, за обата најпопуларни оперативни системи Android и iOS.

Новата измена, дополнително ќе овозможува зумирање на фотографиите и означување (taging) на вашите пријатели.

Интересно да се забележи е дека ова е прва измена која се однесува на „насловната фотографија“ откако оваа опција беше воведена.

Дополнително Facebook објави видео-туторијал за тоа како наједноставно и најквалитетно да ги забележите вашите 360° фотографии:

Извори: TechCrunch, The Jakarta Post, Mashable

За Авторот

Гејмер од пелени, програмер не сум, ама секој ден знам да ви раскажам по некоја IT прикаска...