html5-topper

По започнувањето на паузирање на Flash содржината која се смета за не толку важна, Google продолжуваат да го прилагодуваат нивниот прелистувач во правец на користење на HTML5 на сметка на Flash Player.

Според планот којшто го објавија на Google Groups, HTML5 ќе биде стандардната технологија којшто ќе се користи во Chrome од оваа есен. Ова се однесува на секоја содржина на една веб страна, а не само таа што се смета за неважна, односно не централна на страната.

Доколку одредена страна сепак користи Flash за одредена содржина и не е достапна HTML5 верзија, наместо автоматски да го вклучи плагинот, Chrome ќе почне да ги прашува корисниците дали би сакале да биде вклучен.

Одбраната опција ќе биде запомнета, па при секоја посета на таа страна, Flash ќе биде вклучен.

Исто така, за да не дојде до многу често прашување за вклучување на Flash, Chrome ќе има „бела листа“ на најпознатите 10 страни кои се’ уште го користат овој додаток. Кај овие страни, Flash ќе биде автоматски вклучен.

Некои од страните кои ќе бидат на оваа листа се Facebook, YouTube, Yahoo, Amazon и други.

Со оглед на популарноста на Google Chrome, овој потег се смета за дополнителен притисок на развивачите веќе да не го користат Flash при креирање на нивната содржина. Тоа дополнително ќе ги забрза крајот на Flash, нешто што се чека од голем број на луѓе кои се запознаени со безбедносните пропусти кои се чести, како и влијанието на додатокот на ресурсите на компјутерот.

Извор: Google Groups, ArsTechnica, VB

Претходна статија18 годишен микробиолог разви горивни ќелии што конвертираат отпад во електрична енергија
Следна статијаРецензија: BLU Studio One и BLU Life Mark нудат одлично смартфон искуство за многу ниска цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.