App Store, онлајн продавницата на Apple за игри и апликации за iOS официјално започна со работа на 10-ти јули 2008-та година. На 11-ти јули, кога беше објавен iPhone 3G, App Store беше интегриран во самиот оперативен систем.

Денес на App Store има над 2.000.000 апликации и игри достапни за купување или бесплатно преземање. Голем дел од апликациите, долго време не се ажурирани за да функционираат со новите технологии кои се имплементирани во најновите iPhone-и.

Според пораката која се појавува на најновата бета верзија на iOS 10, можеме да претпоставиме дека Apple можеби ќе отстрани илјадници апликации и игри кои не се ажурирани за да функционираат со најновите 64 битни процесори. Apple е во постојана борба со програмерите во обид да го сочуваат App Store од непотребни и застарени апликации и игри кои веќе никој не ги користи.

Компанијата, побара сите апликации кои се на App Store да бидат ажурирани, од 32-бит на 64-бит, уште во 2015-та година. Есента 2016-та, Apple исчисти околу 43.300 апликации од App Store. Доколку се испостави дека известувањето на најновата бета верзија е вистинито, илјадници апликации ќе ги снема од онлајн продавницата за игри и апликации од Apple.

Во претходните верзии на iOS, кога ќе се отвореше некоја 32-битна апликација, имаше известување дека “Оваа апликација може да го успори Вашиот уред”. Но, со новото известување, Apple очигледно сака да каже дека во новиот iOS 11, апликацијата повеќе нема да има можност да се преземе, односно нема да функционира.

Тешко е да се прецизира кои се’ апликации и игри ќе бидат погодени од оваа одлука на гигантот од Купертино, но може да се претпостави, најмногу според тоа кои апликации и игри подолго време не се ажурирани од програмерите. Едни од најбитните, кои се на App Store уште од самите почетоци, Ridiculous Fishing, Peggle Classic, Ocarina и Great Lightsaber кои сеуште се 32-битни, можеби нема да можеме да ги користиме во iOS 11. Сепак, најлесно можеме да дојдеме до заклучок дали апликациите и игрите можеме да ги видиме во најновиот оперативен систем на Apple, е според тоа дали самата апликација заработува доволно средства за програмерите да се потрудат да ја ажурираат за да фунцкионира на iOS 11 односно за најновите 64-битни процесори.

Мислам дека голем број од застарените игри и апликации треба да бидат отстранети од App Store бидејќи живеат на “Стара Слава” и програмерите се премногу мрзливи да ги ажурираат и овој потег на Apple е правилен.

Претходна статијаSurface Phone ќе биде претставен на крајот од годинава?
Следна статијаМодул 1 – Дали јасно ги артикулирате вашите идеи? (втор дел)