Повеќето од вас до сега сигурно сте се запрашеле колку може да е тешко да се состави компјутер. Иако досега процесот е направен да биде доста едноставен и лесен, не сите се осмелуваат да ја земат одговорноста во свои раце.

Постојат можности да се оштетат одредени делови од невнимавање или не доволно познавање на процесот при составување на компјутерот.

Исто така постои можност некој од деловите да има фабричка маана, потоа следи процесот на тестирање и проверување, што создава доста фрустрации кај составувачот на компјутерот.

Симулаторот е одлична можност за сознавање на процесот на составување на компјутер и колку би било тешко тоа. Иако сеуште е во прерана верзија (Pre-Alpha), симулаторот има можност да составите целосна конфигурација.

Додека трае симулацијата добивате и објаснувања за кои делови каде одат и за што поточно служат. По завршувањето на составување на деловите следува процедура на приклучување на каблите.

Иако симулаторот е во доста основна верзија има доста што може да се научи, иако повеќето од деловите не се потенцирани со модел како што се процесорот, куќиштето, ладењето и рам меморијата.

Од симулаторот за составување на компјутер се очекува многу. Замислете да можете да си го составите цел компјутер кој го сакате со точните делови, да видите како би изгледал естетски, планот за менаџирањето на каблите, цената, па дури и неговиот потенцијал.

Извори: rockpapershotgunkotakughacks

Претходна статијаПонуди за работа во Microsoft потврдуваат дека Windows 10 Mobile ќе продолжи да се развива
Следна статијаТечна батерија може да се користи за ладење на компјутерските чипови