Многу новинари и познавачи од областа на технологијата уште одамна најавија дека Windows на смартфон е завршена работа. Сепак, Microsoft одбива да ја убие платформата веќе подолго време и дури и со некои потези најавува уште поголема посветеност на палтформата.

Последните информации дека Microsoft ќе продолжи со Windows 10 Mobile се од огласи за работа на гигантот. Тие во нив бараат работници за Windows 10 Mobile кариера, што значи дека подолго време ќе се посветат на неа.

Во огласите дури е објаснето дека Windows 10 Mobile дивизијата е значаен дел од компанијата и дека во “Cloud” светот таа е од стратешка важност. Огласите инаку се однесуваат на два програмски менаџери и еден сениор програмски менаџер, што се прилично важни позиции за развој на софтвер.

Microsoft во описот на работата објаснува дека тие ќе продолжат да инвестираат во платформата и во сценарија како Continuum, кои на корисниците им овозможуваат користење на телефонот како десктоп компјутер. Тие најавуваат и дека креираат динамична група во Windows and Devices Group, што е делумна најава и дека дефинитивно ќе видиме Surface Phone.

Во моментов сепак приказната е целосно различна. Windows 10 Mobile можеби добива редовни надградби, но производителите не прават уреди со овој оперативен систем, а и Microsoft веќе не го ни рекламира ниту спомнува на своите конференции. Сепак, еве надеж дека на Build конференцијата ќе има новости за Windows Mobile.

Извор: Windows Central, WinBuzzer, OnMSFT

Претходна статијаInstagram ќе цензурира фотографии?
Следна статијаСимулатор за составување компјутер