Instagram воведува анкети во Stories

Напишано на 06.10.2017 - 12:18 од Смартпортал

Instagram logo

Instagram воведе опција за анкетирање во рамките на веќе постоечиот Insta Story. Од сега, на сликите споделени преку популарниот Story корисникот има опција да постави анкетно прашање со два понудени одговори, а гледачите ќе можат да гласаат. Резултатите од анкетата се достапни веднаш.

Оваа опција ќе донесе поголемо ниво на интеракција помеѓу корисниците на популарниот Instagram. Претходно, беше понудена можност за реплицирање на фотографиите и видеата споделени преку Story. Меѓутоа, овој пат се оди чекор понатаму провоцирајќи интеракција преку анкета и веќе понуден одговор.

Опцијата е достапна во менито каде се наоѓаат и останатите додатоци, како локација и стикери. Анкетата можете да ја модифицирате по сопствен избор со прашање кое самите го впишувате, а истот важи и за понудените одговори. Гледачот кој ќе се реши да гласа во истиот момент ќе ги види резултатите од анкетата во проценти.

Корисникот пак, може да ги дознае резултатите во истото мени каде се појавуваат луѓето кои го прегледале Story-то. Таму може да се види кои корисници гласале и кој гласал за која опција. Очекувано, самата анкета исчезнува заедно со Instagram Story-то по период од 24 часа.

Извори: PCMag, TechCrunch

За Авторот