Може слободно да се каже дека веќе цел живот ни се врти околу Facebook или некоја од другите друштвени мрежи, меѓутоа тоа не значи дека нема уште аспекти од животот што може да се приклонат кон ова.

Facebook во САД воведе нова функција достапна на мобилните апликации, како и преку десктоп, која на корисниците им овозможува нарачка на храна. Нарачката на храна се одвива директно од Facebook, па корисниците нема потреба да ја напуштат апликацијата, веќе и за храна.

Сепак, Facebook не влегува директно во бизнисот на достава на храна, па тоа го прави, според мене паметно, во соработка во веќе популарните сервиси во земјата. Корисниците сега само имаат можност да ги искористат сите тие сервиси, без разлика дали до сега ги имаат користено, преку едно централизирано место кое и така веќе по цел ден го користат.

Не дека на нас во Македонија нешто ни значи кои се сервисите со кои соработува Facebook, сепак, истите ги вклучуваат EatStreet, Delivery.com, DoorDash, ChowNow и Olo, како и рестораните Jack in the Box, Five Guys, Papa John’s и Panera.

Јас лично би сакал да го видам овој сервис достапен во целиот свет, па и во нашата земја. Можноста за нарачка на храна од една апликација од удобноста на каучот, може слободно да се каже дека е одлична и важна работа.

Извор: Facebook, TechCrunch

Претходна статијаMicrosoft има работено на Lumia телефон без рамки уште во 2014
Следна статијаMicrosoft Surface Book 2 – помоќен наследник со поголем избор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.