Уште од почетокот на интернетот, протекувањето на нови производи дури и неколку месеци пред претставувањето е прилично стандардна работа, дојдена до тој степен многумина да се сомневаат дека дури и самите производители ги „објавуваат“ своите производи со цел да направат своевидна фама за него.

Еден од нив е веројатно Samsung, кој „случајно“ го објави Galaxy Note 8 на нивниот веб сајт, потврдувајќи ни го дизајнот на телефонот и неговите спецификации.

Со протекувањето од Samsung дефинитивно добивме јасна слика за тоа што може да очекуваме од Note 8. Дизајнот ќе биде малку поразличен од Galaxy S8 и S8+, односно аглите на смартфонот ќе бидат помалку заоблени, што му дава малку посериозен изглед.

Исто така, рамката во горниот и долниот крај е малку помала, додека во задниот дел Samsung за прв пат се одлучи за двојна камера во својата висока класа.

Работите кои веќе ги знаеме за Galaxy Note 8 се дека тој ќе има најдобри можни спецификации, како Snapdragon 835 или Exynos 8895 процесори, помогнати од 4 GB рам меморија и 6,3 инчен дисплеј со сооднос на страните од 18,5:9. Од протекувањето на телефонот на сајтот на Samsung знаеме и дека основниот модел ќе има 64 GB капацитет, но и дека ќе има и модел со 256 GB капацитет. Galaxy Note 8 ќе се разликува во однос на S8 и S8+ по тоа што ќе има и дополнително S-Pen дигитално пенкалце.

Ова е сигурно и последната вест со протечени информации за Galaxy Note 8 – на 23 август во среда тој ќе биде и официјално претставен на јавноста, кога ние ќе ги следиме будно сите новитети и ќе ви ги претставиме во најбрз можен рок.

Извор: 9 to 5 Google, Android Police, Forbes

Претходна статијаНаучници креираа батерија која дава енергија со помош на плунка
Следна статијаПопуларниот Volkswagen од 60тите добива свој наследник во 2022