Иако на почетокот од годината многумина се сомневаа дека Samsung воопшто ќе продолжи со Note линијата на смартфони, сега знаеме дека на крајот од овој месец тие ќе го претстават својот веројатно најдобар смартфон досега, Galaxy Note 8.

Сега Samsung пушти и видео најава за смартфонот на Vimeo, на која може да се види кој бил фокусот на компанијата во дизајнирањето и развојот на овој телефон.

Тие во видеото посветуваат особено внимание на тоа да покажат дека телефонот ќе биде многу иновативен и голем скок во однос на неговиот претходник, кој наместо да ја следи конкуренцијата, тој е телефонот кој треба да биде следен.

Во најавата Samsung не пропушта да каже и дека телефонот ќе биде „поголем“ и ќе може да направи многу повеќе, а на крај има и скица од предниот дел на телефонот со непостоечка рамка од страните и многу мала рамка во долниот и горниот дел, исто како кај Galaxy S8 и S8 Plus.

Според ова, од Galaxy Note 8 со сигурност може да очекуваме дека ќе биде многу моќен смартфон со дигитално пенкалце, на кој ќе може да направите многу повеќе отколку на својот обичен, нормален паметен телефон (оттаму и хаштагот #DoWhatYouCant, односно направи тоа што не си можел/а).

Дисплејот ќе има големина од 6,3 инчи и ќе биде закривен на страните, додека Note 8 ќе биде првиот смартфон на компанијата со двојна камера во задниот дел, која според најавите би можела да биде најдобра од сите смартфони досега.

Galaxy Note 8 ќе биде претставен во живо на 23 август и ние нормално целосно ќе го покриеме настанот и сите новитети кои ќе ги донесе овој смартфон.

Извор: CNET, The Verge, Value Walk

Претходна статијаДве нови видеа од процесот на производство за iPhone 8?
Следна статијаМарк Лејланд е нов генерален менаџер на Скопје Мериот Хотел