For-Social-Short.Still001

Интересно, и покрај тоа што има најмала батерија, iPhone 6 се полни најбавно од сите телефони во високата класа, додека најбрзо се полнат Samsung Galaxy S6 и Asus Zenfone 2. Ова и не е изненадување, бидејќи скоро сите Android телефони доаѓаат стандардно со некаков метод на брзо полнење, најчесто Qualcomm Quick Charge.

Сите телефони се тестирани при полнење од 5 до 100% од Tom’s Guide. Интересно, телефонот кој најбрзо се полни до 50% е супер евтиниот Asus Zenfone 2, кој чини само 199 долари, но потоа Samsung Galaxy S6 го превзема водството.

Вкупно земено, на Galaxy S6 му требаат само 1 час и 22 минути за да се наполни од 5% до крај, што за телефон со батерија со капацитет од 2550 mAh е извонредно.

На LG G4 му требаат 1 час и 36 минути, но тоа е очекувано, бидејќи има и поголема батерија од 3000 mAh. Потоа на листата е Motorola Droid Turbo, телефон кој има батерија од дури 3900 mAh, што значи дека има и сериозно добро решено полнење.

Иако со најмала батерија, која во пракса би требала да се полни најбрзо, на iPhone 6 му требаат дури 2 часа и 35 минути, што е многу послаб резултат во однос на Android конкурентите. Интересно, засега нема ниту најава дали Apple ќе го подобри ова кај новите iPhone-и, но би било добро да го направат тоа.

Извор: ZDNet, Tom’s Guide

Претходна статијаMotorola ќе биде задолжена за развојот на Lenovo паметните телефони
Следна статијаСподелувајте ги сликите на Instagram во нивниот оригинален формат