instagram-landscape

Една од главните карактеристики на Instagram, ја сакале или не, е ограничениот формат во кој што морате да ги објавувате вашите слики. Без разлика како се тие сликани, кога ги објавувате тие мора да бидат во квадратна форма, па поради тоа и се појавува квадратот кој што ви овозможува да изберете кој дел од сликата би сакале да го исечете, а кој да биде објавен.

Можеби повеќето корисници се имаат навикнато на ова, па сликите кои што ги планираат за Instagram гледаат да бидат погодни за квадратниот формат. Истражувањето на Instagram покажува дека повеќето корисници тоа и го прават, меѓутоа не е мала бројката на сликите кои што мора да бидат „жртвувани“ одредени делови на нив.

Од минатата недела Instagram воведе можност за објавување на сликите во нивниот оригинален формат, односно целосно да бидат прикажани во landscape или portrait формат, без потреба од сечење за добивање на квадратниот изглед.

Промените се направени во најновата верзија од апликацијата достапна на Android и iOS, додека Windows верзијата не е надградена повеќе од година, а нема информации дали се спрема нешто со пуштањето на Windows 10.

Квадратниот формат останува и понатаму, односно ќе остане како главен при објавување на сликите. Корисниците сега ќе имаат можност да изберат сликата која што ја објавуваат да биде прикажана во оригиналниот формат, покрај квадратниот.

Со оваа промена иако Instagram до некаде можеби ќе изгуби една од главните карактеристики на мрежата, сепак ќе овозможи корисниците да можат да објавуваат слики кои што не можат да бидат направени добро за квадратниот формат. Тоа значи дека ќе можат многу подобро да се објавуваат слики со повеќе луѓе или како што истакнуваат слики од долги мостови, на пример.

Извор: Instagram, The Verge

Претходна статијаSamsung Galaxy S6 се полни најбрзо од сите мобилни во класата, iPhone 6 последен!
Следна статијаMicrosoft сака да ве „шокира“ со електрични известувања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.