Има уште неколку месеци до претставувањето на iPhone 8, моделот кој после подолго време треба да донесе поголеми промени, но како и што беше обичај досега, на интернет мрежата редовно има фотографии, рендери и 3D цртежи за тоа како ќе изгледа. Ова најчесто се прави за генерирање на повеќе читаност на изворот и иако најновите рендери се од етаблираниот Engadget, сепак земете ги со задршка.

На фотографиите се гледа дека назад ќе има двојна камера, која ќе биде вертикално поставена и која според мене малку го расипува визуелниот впечаток, но во неа ќе бидат вградени и микрофонот и блицот. Сепак, во предниот дел има Home копче кое не е вградено во самиот дисплеј, а овој модел нема ниту многу мала рамка околу дисплејот како што се очекуваше досега.

Поточно, iPhone 8 веројатно ќе има 5,8 инчен дисплеј и малку поголеми димензии од iPhone 7 Plus, кој има 5,5 инчен дисплеј и многу голема рамка, што значи дека 8-ката и нема да биде „футуристичка“ како што се надевавме. Нормално, самиот дисплеј е OLED и него веројатно ќе го произведува Samsung.

На фотографиите (рендерите), може да се види и дека и во предниот дел ќе има двојна камера, која би помогнала во подобра сепарација на субјектот при фотографирање селфија, како и неколку напредни 3D можности со холограми, налик на филтрите на Snapchat. Назад пак изработката ќе биде од стакло и iPhone 8 ќе поддржува безжично полнење.

Според Engadget, iPhone 7S ќе има поголем 5 инчен дисплеј, споредено со 4,7 инчи на актуелниот модел, додека Plus моделот ќе порасне на 5,8 инчи, како што напишавме погоре. Ова значи дека, барем според изворите на Engadget, нема да има трета верзија на нов iPhone модел.

Извор: Engadget, 9 to 5 Mac, BGR

Фото: Engadget

Претходна статијаAMD Ryzen 9 ќе биде одговор на Core i9 и ќе има 16 јадра
Следна статијаGoogle Pixel 2 ќе има и верзија со дисплеј поголем од 6 инчи?