Денес, кај купувачите скоро и да не може да помине смартфон од високата класа без да е водоотпорен. Трендот кој го почна Sony пред неколку години продолжи со Samsung Galaxy S7, а премина и во новиот iPhone 7. Сега и знаменосецот на LG ќе биде водоотпорен, покрај неколку други карактеристики си кои се издвојува од конкуренцијата.

Една од нив ќе биде веќе најавениот висок дисплеј со сооднос на страните од 2:1. Овој дисплеј, според најавата на LG, ќе овозможи полесно користење со една рака, веројатно зошто смартфонот ќе биде потесен. Корејскиот производител во видеото најави и дека телефонот ќе биде издржлив, што значи дека би можел да биде и отпорен на паѓања и шокови, но тоа е само моја лична претпоставка.

Секако, LG ветува и моќна камера, што е многу очекувано. Покрај водоотпорноста, денес смартфон од високата класа мора да има добра камера и ако LG сака да остави печат на пазарот, треба да има камера која не само што ќе конкурира на Samsung Galaxy S8 и на iPhone 7, туку во многу аспекти ќе биде и подобра.

Погоре споменатиот дисплеј, кој има сооднос на страните од 2:1 (18:9 како што LG сака да го комуницира) има и резолуција од 2880х1440 пиксели. Ова е повеќе од сите конкуренти и придонесува за поголема густина на пикселите, што може да биде корисно за користење на телефонот во VR уред.

Дисплејот троши и 30% помалку енергија од досегашните технологии, што би требало да овозможи прилично долго траење на батеријата со вклучен дисплеј. Исто така, тој би имал многу мали рамки од страните – 0,2 mm од страните и 0,54 mm во долниот дел. Прилично импресивно.

LG G6 скоро сигурно ќе биде претставен на саемот за мобилни телефони и уреди Mobile World Congress во Барселона на крајот од Февруари, кога ќе ги знаеме сите детални информации. Во меѓувреме, следете не за други новитети поврзани со G6, но и со Galaxy S8 кој треба да биде претставен малку подоцна.

Извор: IBTimes, GSM Arena, Forbes

Претходна статијаSamsung ја пушти официјалната надградба на Android Nougat за Galaxy S7 и S7 Edge
Следна статијаSamsung патентира двојна камера која ќе понуди иновативни видео опции