shutterstock_507018313-796x425

Многу од нас имаат направено сопствена слика за корисниците на некој тип на технологија, а тоа особено важи за паметните телефони. Верувам многумина од вас погледнуваат каков телефон користи соговорникот само за да „дознаат повеќе“ за него. Благодарение на истражување од Универзитетот во Линколн, сега има и научна поткрепа на некои стереотипи поврзани со корисниците на двете различни платформи на паметни телефони.

Според нивното истражување, корисниците на iPhone се помлади, екстровертни и својот телефон го гледаат како статусен објект. Исто така, двојно е поголем процентот на женската популација која користи iPhone, споредено со Android.

Од друга страна, корисниците на iPhone се повозрасни и поискрени луѓе, кои се помалку заинтересирани за богатство и статус во општеството. Интересно, корисниците на Android се обично луѓе и кои многу потешко би прекршиле закон или би направиле нешто за лична корист.

Истражувачите не само што имаат направено слика за тоа како изгледа стандардниот корисник на iPhone и Android, туку имаат развиено и специјален алгоритам кој може да погоди каков телефон користите со проценка на тоа каква личност сте.

Овој алгоритам може да го погоди вашиот телефон во 70% од случаите (што не е многу, бидејќи 50% е математичкиот минимум кога има два избори), само поставувајќи ви неколку прашања за тоа каква личност сте.

Сите овие истражувања секако треба да се земат со задршка – никој не може да одреди личност со поставување на неколку прашања. Но и покрај тоа што се веројатно неточни, односно научно неосновани, одлични се за разгорување на разговорите на фановите на двете платформи на интернет мрежата.

Извор: PC Mag, The Next Web, India Today

Претходна статијаМожност за креативно изразување на младите преку VoiceUp
Следна статијаRaptor Engineering ќе лансира компјутер кој ќе биде целосно „отворен, слободен и безбеден“