Еден од најпознатите луѓе кога е во прашање интернет безбедноста и борбата против кражбата на приватни податоци, Џон Мекафи, претстави нов Android паметен телефон, кој според него е најбезбедниот во светот. Да потсетиме, Џон е создателот на еден од најпознатите антивирусни софтверски решенија, McAfee.

Прво нешто што боде во очи кај овој смартфон е цената, која изнесува 1.100 долари. И бидејќи телефонот е засега само прототип, односно не е целосно финализиран и не можеме да зборуваме за спецификациите, но како што е случај со многу вакви безбедни смартфони, јас би рекол да не очекувате чуда.

Главна одлика на овој паметен телефон ќе биде можноста целосно да изгасите многу компоненти на телефонот со физичко копче. Тука спаѓаат Wi-Fi и Bluetooth конекциите, микрофонот, гео локацијата и дури и батеријата. Ова значи дека корисникот ќе има целосна контрола на тоа кои компоненти се активни во даден момент.

Сепак, првата верзија на овој смартфон, иако според Мекафи најбезбедна на пазарот, нема да овозможи целосна заштита од хакерите. Таков смартфон е во подготовка и ќе биде достапен дури во 2018 година, за кој Џон кажува дека е отпорен на хакерски напади колку што е физички возможно.

Компанијата MGT Capital Investments, која стои зад овој смартфон (Џон Мекафи е извршен директор на компанијата), најави дека во него сепак ќе биде вградена заштита за пребарување на интернет, како и заштита од поврзување на Stingray или друг тип на International Mobile Subscriber Identity (IMSI) фаќач на информации.

Извор: TechSpot, Gizbot, NDTV

Претходна статијаiPhone 8 ќе доцни до 2018-та?
Следна статијаLG претстави масивен 4K монитор од 42,5 инчи, кој е сон на секој „мултитаскинг“ компјутерџија