Предвидувањата за тоа како ќе изгледа и какви можности ќе има новиот iPhone 8 нема да престанат се додека не биде лансиран. Нив ги има многу – од едни слушнавме дека ќе биде само делумно подобрување на 7-ките, а од други дека ќе направи вистински бум на пазарот. Ако може да веруваме на тоа дека овој нов патент на Apple всушност се однесува на iPhone 8, ќе се случи токму тоа второто.

На патентот јасно може да се види дека рамката околу дисплејот е исклучително мала, а читачот за отпечатоци е вграден под него. Вакви информации имаше до неодамна, но најновите извори тврдат дека читачот за отпечатоци нема да биде во дисплејот, а и рамката нема да биде толку мала, нешто што разочара голем дел од фановите.

Самиот патент покажува дека електричното коло потребно за капацитивниот дисплеј оди до страните на дисплејот, на флексибилен материјал. Поточно, ова овозможува околу дисплејот да нема рамка, бидејќи целата потребна електроника ќе биде свитката од страните, за разлика од тоа да биде поставена околку дисплејот како досега. Интересно, ова е многу сличен дизајн на Galaxy S8, најголемиот конкурент на iPhone.

Овој патент сепак не мора да значи дека се однесува на iPhone 8. Прво, одобрен е прилично касно, односно само неколку месеци пред да биде лансиран уредот, а Apple има и многу други патенти од пред неколку години кои се уште не биле имплементирани во финален уред и нема да бидат можеби и никогаш. Затоа, јас засега не би ги поврзал патентот со iPhone 8 и би почекал на вистинска информација за најозборуваниот модел годинава.

Извор: The Verge, 9 to 5 Mac, CNBC

Претходна статијаNvidia GeForce 1030 е евтина графичка, идеална за “e-sports” гејмерите и домашни кина
Следна статијаFacebook Messenger добива нов дизајн на мобилната апликација