doctorshangout

Тоа што последно сакаат да го чујат вашите родители е дека играњето видеоигри всушност има позитивен ефект врз вашите академски резултати.

Новиот извештај од Националното детско биро од В. Британија ги вклучува следниве резултати:

  • Учениците имаат придобивки од стекнатите знаења од информатичка и компјутерска технологија. Тие кои имаат познавање од софтвер како програми за процесирање на текст и за изработка на презентации имале повисоки резултати од тие кои немале;
  • Учениците кои постигнувале највисоки резултати се оние кои поминувале средно-кон-големо време на ден на компјутерот (1-3 часа) без разлика што точно правеле;
  • Студијата исто така не пронашла поврзаност меѓу време поминато на социјални мрежи или мобилен телефон со ниските резултати на училиште;
  • Негативниот ефект бил забележан кај една група – играчи на преносни конзоли. Имено, од играчите на преносни конзоли (такви кои можат да се земат со себе и да се користат било каде) кои ги користеле повеќе од два пати дневно,  само 41% ги постигнале највисоките оценки.

Студијата била извршена врз 611 студенти, 41 родител и 18 учители, сите од Северна Ирска.

Искрено, не знаеме како да ги земеме овие вести. Се работи за една, доста ограничена студија која сепак вклучува добар број на ученици. Сепак, секој од нас забележал некој кој бил толку „далдисан“ по социјални мрежи што влијаело лошо врз неговата продуктивност и ефикасност, временска организација и други карактеристики.

Од друга страна, играњето на видеоигри повеќе пати досега е покажано како благотворно за разни вештини и карактеристики на мозокот, како брзината на рефлекси, аналитичкото размислување, зголемување на меморијата, зголемување на социјални вештини и други.

Предлагаме да ги почекаме и другите студии па да кажеме дефинитивен став!

Извор: IFLScience, Science Burger

Претходна статијаMicrosoft ќе се обиде да ве мотивира да им дадете шанса на нивните апликации во Windows 10
Следна статијаИнтел и Ардуино дебитираат со плоча за развивање со кореспондирачки програм за едукација дизајниран за младите што учат