
Според неофицијални слики од најновиот build од Windows 10 Insider верзиите кој што се’ уште не е пуштен во јавноста, Microsoft ќе се обиде да ве мотивира да им дадете шанса на апликациите кои што доаѓаат со оперативниот систем.
Верзијата од Windows 10 е 10568 и од истата се „протечени“ слики кои што покажуваат како од Microsoft ќе се обидат да го направат тоа.
На сликата може да се види pop-up со наслов „Дајте му шанса на Microsoft Edge“, кој што се појавува во Settings доколку се обидете да го промените Edge како стандарден прелистувач на оперативниот систем. Информацијата истакнува некои од функциите на Edge кои што треба да се негова предност, проследени со копче на кое што пишува „Не го менувајте и пробајте го сега“.
Ова наводно било случајот и со дополнителни апликации како Photos и Groove доколку се обидете да ги замените со некои други.
Дали од оваа информација може да се претпостави дека корисниците не ги користат доволно новите апликации од Microsoft?
Тоа сигурно е случајот со Edge кој што според одредено истражување во САД, само 12% од Windows 10 корисниците го користат овој прелистувач. Сепак, наше мислење е дека овој процент значително ќе се зголеми по овозможувањето на поддршката за додатоци, а посебно по излегувањето на некои од најпознатите кај другите прелистувачи.
Што се однесува до другите апликации, корисниците сепак се навикнати да користат нивни апликации од постарите верзии на системот, па можеби новите кои што доаѓаат со Windows 10 не им нудат доволно новини за да се решат за нивно користење.
По излегувањето на наредната тест верзија од Windows 10 сепак ќе можеме да видиме дали навистина од компанијата се имаат одлучено за ваков обид да го зголемат користењето на нивните апликации.
Извор: The Verge