Научно-фантастичниот трилер „Мрачни умови“ од денес (четврток, 30 август) ќе почне да се прикажува во 20 часот во кино „Милениум“ во Скопје. Филмовите „Израмнувач 2“, „Мег: Грабливецот од длабочините“  и „Кристофер Робин“ продолжуваат да играат секој ден додека цртаниот „Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат“ ќе може се погледне само во сабота и недела во 11 часот.

Во „Мрачни умови“ играат: Бредли Витфорд, Менди Мур и Амандла Стенберг. Кога тинејџерите мистериозно ќе почнат да развиваат моќни способности, владата почнува да ги гледа како закана и решава да ги собере во кампови. Шестнаесетгодишната Руби успева да побегне и заедно со други деца се обидуваат да најдат засолниште. Во бегство, тие почнуваат да ги користат своите моќи за да се борат против возрасните кои се закана за нивната иднина.

„Мег: Грабливецот од длабочините“ со Џејсон Статам се прикажува во 17.30 часот. Во филмот се зборува за професионалниот нуркач Џонас Тејлор кој откако ќе избегне напад од голема ајкула , мора повторно да се соочи со своите стравови кога е повикан да спаси луѓе заробени во онеспособена подморница.  Акцијата „Израмнувач 2“ со Дензел Вашингтон ќе игра во 22 часот во кино „Милениум“. Приказната следи човек кој се бори за правдата на експлоатираните и потиснатите, но до каде ќе оди кога е вмешан некој што го сака?

„Кристофер Робин“ со Јуан Мекгрегор во главната улога во работните денови е на репертоарот во 15 часот, а за викендите во 13.30 Приказната е насочена кон семеен човек кој одеднаш се сретнува со својот пријател од детството, Вини Пу кој му помага да ги открие убавините на животот. „Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат“ се прикажува само во сабота и недела во 11 часот. Овој пат невообичаеното семејство тргнува на одмор каде грофот Дракула почнува и романтична врска. Гласовите во анимираниот филм ги позајмуваат: Адам Сендлер, Селена Гомез, Енди Самберг и други.

Билетите за сите проекции во кино „Милениум“ чинат 150 денари.

Претходна статија12 години Семос Академија за графички и веб дизајн: „Изградивме бренд на пазарот и го подигнавме стандардот на едукација во оваа област“
Следна статијаЕУ се бори за нашите податоци