Европската Унија е многу активна во последно време. Годинава стапи во сила новиот „Закон за приватност“ – знаете, оној поради кој мораме да кликаме „се согласувам“ на сајтовите кои ги посетуваме.

ЕУ изрече и драстична казна за Гугл поради нивните анти-конкурентски практики. На мета се најде и Фејсбук поради нивниот скандал со Кембриџ-Аналитика при што податоците на милиони корисници беа злоупотребени.

А токму Кембриџ-Аналитика е причината и за последниот потег кој наводно го презема ЕУ. Поучени од начинот на кој беа собирани податоците за, меѓудругото, и милиони европски корисници, тие почнале со развивање на одредби со кои ќе им се забрани на политичките партии да „поентираат“ преку незаконски собрани и обработени лични податоци.

Како што спомнавме, Кембриџ-Аналитика беше случај каде што податоците на корисниците на Фејсбук биле користени за цели различни од таа на која тие се согласиле. ЕУ веројатно забележале дека политичките партии можат многу лесно да го искористат овој тренд за да постигнат успех (или да шират пропаганда) на идни избори.

Казните би изнесувале 5% од вкупниот годишен буџет на политичката партија која ќе го прекрши ова правило. Ова покрај казните што би настапиле во случај на прекршување на новодонесениот закон за приватност. Кога ќе се собере, казните можат да стигнат до прилично високи суми.

Таквите износи не претставуваат проблем за гиганти како Фесјбук или Гугл. Меѓутоа, за голем дел од политичките партии би можело да претставува „смрт“.

Претходна статијаНаучно-фантастичниот трилер „Мрачни умови“ во кино „Милениум“
Следна статијаSamsung во рамки на IFA 2018 претставува неверојатни технолошки откритија кои ја обликуваат иднината на поврзаното живеење