Ова е еден од ретките филмови-хитови што можевме да ги гледаме во екот на пандемијата. King of Staten Island е комедија во која глумат Пит Дејвидсон (попознат како бившиот на Аријана Гранде) и Мариса Томеи, како и комичарот Бил Бур. Режисер е легендарниот Џуд Апатау (40 Year Old Virgin).

King of Staten Island е ОК комедија, и ОК драма. Солиден филм, нема многу досадни моменти. Приказната е за Скот (Пит Дејвидсон), 20 и нешто годишен дечко што се чини е заглавен во годините и живее како тинејџер, а не како возрасен човек. Во детството тој поминува низ траума – го губи татко му, кој загинува во катастрофата на 11 септември, 2011 година, како пожарникар.

Инаку, приказната е делумно биографска, бидејќи таткото на Пит Дејвидсон стварно бил пожарникар кој загинал на 11 септември. Тоа додава автентичност на приказната.

Кога сме веќе кај приказната, ми се чини дека е веќе видена во многу други филмови. Целиот амбиент отскокнува од денешните комедии и ти дава чувство дека гледаш филм што е снимен во 90-тите. Класична приказна за еден проблематичен млад човек кој се бори со траума која го спречува да продолжи со животот и ги прави несреќни луѓето кои му се блиски. Пред да го пронајде својот calling и работите да се свртат наопаку. Освен приказната која е веќе видена, филмот е прилично долг, над два часа, што овде се чинат премногу.

Би рекол дека глумците се тие што го вадат филмот. Пит Дејвидсон се нема појавено во многу филмови, но очигледно знае да заврши добра работа и во комедија и во драма. Помага тоа што се чини дека е стварно смешен дечко.

Исто така, познатиот Бил Бур е можеби па најсветлата точка на филмот. Тој глуми пожарникар (иронија) кој се сплеткува со мајката на Скот (Дејвидсон). Ако го памтите, Бур глумеше кратко и во Брејкинг Бед. Повремено се појавува во различни споредни улоги, особено во последниве неколку години. Човекот е пресмешен и фантастично се снаоѓа во улогата што му е дадена.

Ако си за нешто полабаво, филмов ептен ќе ти се погоди.

Претходна статијаКако порано да го вклучите новото Старт мени во Windows 10
Следна статијаСтудија ја покажува можноста смартфоните да се користат за откривање на нивото на пијанство пред возење