Shutterstock.com

Истражувачи од САД се на пат да ги направат нашите смартфони кои ги носиме секаде со нас, уреди кои ќе не предупредуваат доколку се имаме напиено повеќе од дозволеното за безбедно возење.

Телефоните веќе имаат повеќе сензори кои се користат за разни потреби, а во овој случај се што е потребно е искористување на достапниот во секој телефон акцелерометар. Овој сензор го проценува одот на корисникот по правење на 10 чекори во еден правец, па назад со точност од 90%.

Доколку овој процент се задржи на помасовно истражување, се планира комерцијална употреба на софтверот, со оглед на тоа што сензорите веќе ги има во телефоните. Ова истражување е направено на 22 луѓе на возраст од 21 до 43 години на кои им било давано да пијат водка и сок од зелен лимон на секој час.

Еден од истражувачите со посебна мотивација го има започнато ова истражување. Тој има загубено близок пријател поради сообраќајна незгодна со пијани учесници на факултет. Исто така, како доктор има работено со луѓе кои имале повреди поради пиење. Последните 10 години тој се има посветено на овој проект кој ја користи технологијата која во денешно време е толку масовно достапна за корисни работи.

„Имаме моќни сензори кои ги носиме наоколу со нас каде и да одиме. Треба да научиме како да ги користиме за да најдобро што може му служиме на јавното здравје.“ – истакна Брајан Суфолето.

Целото истражување и резултатите е објавено во „Journal of Studies on Alcohol and Drugs“ и можете да го погледнете на овој линк.

Крајната цел на ова истражување е да во иднина нашите смартфони не предупредуваат со известување доколку забележат при одење дека се имаме напиено над дозволената граница за безбедно возење. Надежта е дека луѓето кои не сметаат дека ја имаат поминато границата, по едно вакво известување, би решиле да го остават својот автомобил и да си одат на друг начин дома.

Исто така, се повеќе автомобили се поврзани со смартфоните, па кај таквите модели може да се направи и корисникот да не може да го стартува својот автомобил доколку е забележано над дозволено ниво на пијанство.

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаПрепорака за филм: King of Staten Island (2020)
Следна статијаThe Most Dangerous Game (2020)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.