Скопје, 2. април – CineStar TV Channels, групацијата под чија закрила се наоѓаат дури седум специјализирани филмски канали,  одлучи на гледачите да им го отвори погледот кон светот на премиерната филмска забава. Во текот на април CineStar TV Channels на корисниците на ТВ платформите им ги отвора своите премиерни канали – CineStar TV Premiere 1 и CineStar TV Premiere 2 со понуда на уште поголем филмски избор во ова време на социјална изолација.

ОД ГЛЕДАЧИТЕ ЗА ГЛЕДАЧИТЕ

Од почетокот на пандемијата, групацијата CineStar TV Channels внимателно ја одбира програмата и им овозможува на гледачите избор од најдобрите блокбастери, хитови и наградувани филмови. Бидејќи гледачите го поминуваат времето дома и се во потрага по квалитетна содржина која ќе им понуди забава и ќе им го олесни седењето дома, групацијата почна да добива мејлови во кои гледачите искажуваат благодарност и задоволство од програмата и од изборот на филмови кои им помагаат полесно да го пребродат овој период. Грижејќи се за доброто расположение на гледачите, CineStar TV Channels ги отвора своите премиерни канали кај избраните оператори: A1, Total TV.

CineStar TV Premiere 1 и CineStar TV Premiere 2 се филмски канали кои нудат исклучиво премиум содржина. Програмата се емитува во технологија со висока резолуција и ХД формат на слика со 5.1 Аудио Сараунд звук. Каналите CineStar TV Premiere во својата богата филмотека нудат кинематографски, телевизиски, документарни и цртани филмови и серии, одбрани врвни холивудски хитови, како и хитови од европската и светската кинематографија. Се работи за наслови кои ја имале светската кино премиера само 12 до 16 месеци пред почетокот на прикажување на каналите CineStar TV Premiere.

#ОСТАНИДОМА И УЖИВАЈ ВО ПРЕМИЕРНИТЕ ХИТОВИ

Дел од содржините што веќе сега се прикажуваат е блокбастерот Џон Вик 3: Парабелум со Кијану Ривс во главната улога, а во април, покрај другите премиери, гледачите ќе имаат можност да гледаат дури четири големи хитови.

Освој ме ако можеш (Long Shot) е нетипична комедија прогласена за филм на годината, на која Rotten Tomatoes ѝ ја додели престижната ознака „Certified Fresh“. Во оваа романтична комедија Шарлиз Терон игра политичарка која се кандидира за американска претседателка, а Сет Роген го гледаме во улогата на нејзин неприлагоден соработник. Необичната двојка гарантира одлична филмска хемија и многу смеа. Премиерата на филмот е закажана за 18.4. во 20 ч. на каналот CineStar TV Premiere 1.

Од продуцентот на филмот La La Land ни доаѓа приказната за тинејџерка која решава да го следи својот сон и да стане поп икона. Потсетете се кога последен пат сте си ги ставиле на тест волјата, целите и упорноста? Филмот Teen Spirit со Ел Фенинг изобилува со одлична поп музика која ќе ви го подобри расположението. Премиерата на филмот е закажана за 19.4. во 20 ч. на каналот CineStar TV Premiere 1.

Од Лук Бесон, авторот на Никита, Леон професионалецот и Петтиот елемент, на малите екрани на 25.4. во 20 ч. ни доаѓа фантастичниот girl power акциски хит Ана со супер моделот Саша Лус во главната улога. Нејзината убавина е вонземска, а боречките вештини се достојни за кој било адреналински блокбастер. Останатиот дел од актерската екипа – Хелен Мирен, Лук Еванс и Силијан Марфи, без сомнение ќе ве привлече да ја гледате и оваа ТВ премиера.

Снимен според вистинити настани, филмот Црвената Џоун (Red Joan) ни ја носи приказната за шпионката чии постапки излегуваат на виделина дури во нејзините пензионерски денови. Фантастичната Џуди Денч, Оскаровката која одново одушевува со својата глума, одлично ја доловува Џоун која танцувала помеѓу британската и советската страна за време на Втората светска војна. ТВ премиерата на напнатата шпионска игра ќе се емитува на 26.4. во 20 ч.

*** ЗА ГРУПАЦИЈАТА CINESTAR TV CHANNELS ***

Групацијата на филмски канали CineStar TV Channels од година во година е на самиот врв по гледаноста. Со своите седум жанровски определени канали CineStar TV 1, CineStar TV 2 HD, CineStar TV Action&Thriller, CineStar TV Fantasy HD, CineStar TV Comedy&Family HD,  CineStar TV Premiere 1 HD и CineStar TV Premiere 2 HD, достапна е кај речиси сите оператори во седум земји од регионот и опфаќа над четири милиони домаќинства.

Со самото тоа, на гледачите им се овозможуваат преку 144 часа филмови и серии на ден, а бидејќи секој канал е жанровски определен, во секој момент на некој од каналите можете да изберете филм или серија според моменталното расположение. За слободен и неограничен избор на содржините што сакате да ги гледате, тука е претплатничката video-on-demand услуга CineStar Premiere Plus. Доколку сѐ уште не ви се достапни каналите на групацијата CineStar TV Channels, побарајте ги кај својот оператор зашто во 2020 година подготвија бројни пријатни изненадувања.

Претходна статијаЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили
Следна статијаCloudflare го претстави 1.1.1.1 for Families сервисот со можност за филтрирање на веб страни