На 1-ви април пред две години, Cloudflare го претстави нивниот DNS сервис 1.1.1.1 ветувајќи поголема брзина, а уште повеќе поголема приватност за корисниците. Досега ова се покажа во главно точно, па овој DNS сервис се користи се помасовно, па единствен пред него е тој од Google.

Предноста од користење на вакви алтернативни DNS сервиси, за разлика од тие на интернет операторот којшто го користите е пред се приватноста. Cloudflare не чува податоци за корисниците, а тоа што мора да се зачува го брише по еден ден. Покрај тоа, овој сервис е шифриран, што значи дека операторот нема да може да чува статистика на кои страни ги отвораат нивните корисници.

Покрај 1.1.1.1 DNS сервисот, Cloudflare претстави и VPN сервис којшто треба да дополнително ги заштити корисниците при сурфање преку шифрирање на нивната комуникација со серверите. Овој сервис е наречен WARP и е дел од 1.1.1.1 мобилната апликација, а оваа година ќе бидат претставени и апликации за Windows и macOS.

Повторно на 1-ви април, Cloudflare претстави дополнување на 1.1.1.1 сервисот со што корисниците добиваат можност за филтрирање на одредени видови на веб страни. Два вида на веб страни може да се избере да се филтрираат, односно да не се дозволи нивно отворање.

1.1.1.2 за филтрирање на малициозни веб страни

Наместо внесување на 1.1.1.1 и 1.0.0.1 како DNS сервери, сега доколку ги внесете серверите 1.1.1.2 и 1.0.0.2 добивате блокирање на малициозни веб страни. Со тоа можете да бидете сигурни дека покрај вашиот интернет прелистувач, сега и DNS серверот нема да дозволи отворање на штетни веб страни.

1.1.1.3 за филтрирање на малициозни веб страни, но и страни со содржина за возрасни

Овој сервер е посебно погоден за родителите кои сакаат да бидат сигурни дека нивните деца нема да можат да отворат веб страни со содржина за возрасни. Иако има и други сервиси кои најчесто ги нудат и програмите за антивирус, сепак ова може да се покаже како поедноставно, бесплатно решение.

Со внесување на 1.1.1.3 и 1.0.0.3 како DNS сервери, а препорачливо на самиот рутер доколку има можност, компјутерите на таа мрежа покрај тоа што ќе бидат заштитени од малициозни веб страни, тие нема да можат да отворат и страни со содржина за возрасни.

За иднина од Cloudflare најавуваат можност за избирање на веб страни кои ќе може да се отворат и покрај блокирањето.

ИЗВОРCloudflare
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаCineStar TV Channels ги отклучува каналите Premiere кои не ќе можете да престанете да ги гледате
Следна статијаMicrosoft Edge успеа да стигне на второто место и да го помине Mozilla Firefox по бројот на корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.