Microsoft Edge беше прелистувачот кој требаше да ја врати компанијата на пазарот по долгите години на негативните оценки, заслужени, на Internet Explorer. Тоа сепак Microsoft не успеа да го постигне, па на крај се реши Edge да продолжи да го развива на основа на Chromium, кој е со отворен код, наместо да продолжат да развиваат сопствена веб технологија.

Chromium е сепак кодот на којшто работи Google Chrome, па ако нешто можат сега да бидат сигурни корисниците на Edge е дека прелистувачот ќе биде компатибилен со веб страните, а ќе биде и побрз.

Оваа одлука изгледа се покажа конечно како успешна за еден прелистувач од Microsoft. Според статистиките од NetMarketShare за минатиот месец, Edge има пазарен удел од 7,59%, со што ја презема втората позиција од Mozilla Firefox, прелистувач кој има пад на 7,19%.

Google Chrome останува на своето убедливо прво место со пазарен удел од 68,50%, што е и зголемување во споредба од минатиот месец, што значи дека Edge во главно успева да ги земе корисниците од другите прелистувачи.

Голем удел повторно во успехот има тоа што Microsoft Edge доаѓа инсталиран на Windows 10. Сепак, тоа порано не успеа да му помогне на прелистувачот, што покажува дека корисниците се одлучуваат да го користат, наместо да го искористат само за да симнат друг прелистувач.

Финалната верзија од Microsoft Edge беше претставена на средината од јануари оваа година, што значи дека успехот е постигнат за прилично кратко време, па ќе биде интересно да се види каква ќе биде состојбата идната година.

Дел од најавените функции на Edge уште не им се пуштени на корисниците, што значи дека со тек на време овој прелистувач треба да стане уште попривлечен и може да се очекува раст на популарноста.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2BleepingComputer
Претходна статијаCloudflare го претстави 1.1.1.1 for Families сервисот со можност за филтрирање на веб страни
Следна статија#ОстаниДома и управувај со бизнисот преку интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.