Компјутерите денес не се особено способни во читањето на емоциите на човекот, но со развојот на вештачката интелигенција, може да се очекува дека тие ќе стануваат се поуспешни во тоа.

Сега има и поткрепа од нови научни истражувања од Универзитетот “MIT”, според кои Wi-Fi трансмитер може да се користи за мерење на благосостојбата на луѓето.

Технологијата ги мери отчукувањата на срцето преку RF безжични сигнали, односно како што нарекуваат неговите создатели EQ Radio. Поточно, мерењата се исти како што би се постигнале преку EKG (електронски кардиограм), но тука завршува поврзаноста со актуелната технологија.

Целата моќ на овој систем е што тој може да ги прочита податоците кои ги добива од отчукувањата на срцето и дури и да постави дијагноза, односно да ги оцени емоциите на човекот.

Ова секако се прави со помош на вештачка интелигенција, која ги преработува резултатите од кардиограмот не само за да ги препознае емоциите, туку може и да оцени каде се наоѓа човекот во просторијата и да ги препознае другите сигнали, со цел да добие чист сигнал само од отчукувањата на срцето.

Ваквата технологија може да се користи и за рано откривање на недостатоци со срцето, кои би можеле да спасат многу животи. Неа замислете ја како некој рутер кој стои во вашиот дом и кој цело време ја следи работата на вашето срце, притоа предупредувајќи ве доколку имате неправилна работа на срцето. Но, таа на пример ќе може и да ви пушти смирувачка музика доколку почувствува дека сте вознемирени, бидејќи не сите имаат проблеми со срцето.

Извор: The Next Web, Fossbytes, MIT

Претходна статијаMoto Z2 Force – повторно модуларен, но сега со вградена двојна камера
Следна статијаНајдобриот Британски онлајн уредник на Викенд Медиа Фестивал: Како го надмудрив моќниот Би-Би-Си и достигнав 70 милиони прегледи на социјалните мрежи