Оваа недела Space X имаше уште една успешна мисија за носење на товар во орбитата на Земјата, меѓутоа за жал истата не заврши и со уште едно успешно вертикално слетување на платформа во океан, односно дрон брод. Ракетата повторно имаше проблеми во последните моменти од слетувањето, по што истата експлодира. Да потсетиме, главната цел е да ракетите можат да слетуваат на брод, со што дополнително ќе се намалат трошоците на вселенските мисии.
Се верува дека причината за неуспешното слетување е големата брзина која не била доволно намалена при слетувањето. Оваа мисија се одвивала во повисока орбита, па од таму и поголемата брзина на слетување на ракетата.
Со ова се прекинува серијата од неколку успешни слетувања, но може слободно да се каже дека и никој не очекуваше дека вакво нешто нема да се случи. Технологијата сепак е во развој и истата се тестира, па во оваа фаза се очекувани повеќе проблеми кои и треба да бидат решени со тестирањата.
Не е познато кога точно може да се очекува постигнување на целата, меѓутоа истата ќе овозможи многу поевтини вселенски летови во главно поради искористувањето на истата ракета во повеќе мисии.
Процесот на прилагодување на истата ракета повторно да лета во оваа фаза е прилично долг, па од Space X најавија дека за првпат ќе се обидат повторно да искористат една од ракетите кои успешно слетаа од крајот на оваа година.
Ascent phase & satellites look good, but booster rocket had a RUD on droneship
— Elon Musk (@elonmusk) June 15, 2016
Извор: TechCrunch, Gizmodo