Floating-fukushima-wind-turbine-537x303

Фукушима е позната по несреќата во 2011 година, каде нуклеарниот реактор беше поплавен од цунами и ослободи радијација. Околината беше евакуирана, а тоа што остана беше град на духови и мутирани цвеќиња.

Сепак, Фукушима ќе се памти и по нешто друго во историјата, а тоа е по тоа дека моментално работи на инсталација на најголемата пловечка воздушна турбина во светот. Турбината ќе се наоѓа 12 милји од брегот на Фукушима, и се работи за едно огромно здание кое е спонзорирано од јапонската влада.

Турбината е врзана на дното со долги и слободни ланци кои овозможуваат во случај на цунами, пресилни ветрови и други непогодни појави да се движи без да се оштети. Како што спомнавме, се работи за воздушна турбина која ќе произведува енергија од ветровите кои во таа област ги има прилично.

Според Кацуноми Шимизу, еден од главните инженери, „Овие турбини и врзивни места се дизајнирани да издржат бранови од 20 метра. … Исто така, тука можеме да очекуваме 10-метарски цунамија. Баш затоа синџирите се намерно полабави“.

Идејата на Јапонија е да вложи во вакви проекти кои ќе ја заменат нуклеарната енергија и кои во иднина може да ги извезува како нова технологија. Моментално сите нуклеарни реактори во Јапонија се исклучени, а за да постигне со барањата за енергија, увозот на фосилни горива е дури 80 милијарди од катастрофата во Фукушима.

Технологијата на воздушни турбини кои пловат по површината на водите не е нова, но почнува да се развива во последно време бидејќи просторот за искористување на сончевата енергија преку сончеви панели е простор кој може да се користи и за полјоделство или градење на населби, па притисокот е кон наоѓање на обновливи извори на енергија кои зафаќаат помалку простор.

Извор: NBC News, Inhabitat

Претходна статијаJoe’s Jeans направија нов модел фармерки со полнач за iPhone
Следна статијаКако да се вратите од Windows 10 на Windows 7 и 8.1?