Покрај сите очекувања дека Honda ќе влезе на голема врата кога станува збор за електричните возила, сепак сликата е сосема различна во реалноста. Нивниот најнов модел Honda Clarity кој во иднина треба да се произведува со електричен и хибрид мотор, ќе се соочи со проблем при продажбата поради малиот опсег на километри кои што може да ги помине со едно полнење. Неофицијални информации велат дека опсегот на овој модел на Honda изнесува само 130 километри со едно полнење на батеријата.

Причината за ова најверојатно е тоа што инженерите на Honda ќе го искористат постоечкиот модел Clarity, кој што има мотор на внатрешно согорување, и ќе го прилагодат за електричен мотор. Планот е да се задржи истата цена од околу 35.000 долари и со тоа да се задржат купувачите. Една од предностите кои ќе ги нуди овој модел е секако големината на автомобилот. Големината е приближна со таа на Honda Accord што ја прави попросторна од сите други конкуренти на пазарот освен од Tesla Model S и Model X. 

Кога веќе споредуваме со други конкуренти на пазарот, да видиме каква е разликата во опсег со останатите електрични возила. Електричната верзија на Ford Focus има опсег од 160 километри, што е секако подобар опсег од Honda Clarity. Nissan Leaf е нешто подобар со 170 километри, додека пак Chevy Bolt EV има огромни над 380 километри што е речиси два пати поголем опсег од моделот на Honda. Приближна километража како Chevy Bolt се очекува да има и најновиот Model 3 од Tesla.

Извор: CNet, Jalopnik

Претходна статијаBlackBerry KEYone е Android смартфон со хардверска тастатура наменет за бизнисмените
Следна статијаTesla оваа година започнува со продажба на соларните кровови