Една од најкорисните функции на познатиот Google Maps сервис, покрај основната за наоѓање на локацијата и навигација, е можноста за добивање точни информации за бизнисите и улиците на локацијата која што се пребарува.

Оваа функција на Google Maps е толку развиена што од наше искуство, пребарувањето на бизниси и слични места е подобро дури и од специјализираните апликации за таа намена, како Foursquare на пример.

Информациите кои се наоѓаат на мапите од Google, покрај од самите корисници, се внесуваат и ажурираат од самата компанија. Меѓутоа, ова сигурно не е лесна работа, скоро невозможна кога ќе се земе во предвид огромниот број на информации кои треба да бидат обработени и проверени.

Со цел побрзо и поточно одредување на имињата на улиците и бизнисите, Google ќе започне на искористување на новите технологии достапни во изминатите години, односно ќе добие помош од вештачката интелигенција.

Тоа значи дека од компанијата ќе го користат нивниот Deep Learning систем за извлекување на информациите од сликите кои се сликаат за потребите на Street View функцијата во мапите.

Како што сме запознаени, Google возилото редовно врши сликање на повеќето локации низ светот со цел овозможување на слики направени од улиците, од каде што потекнува и името на функцијата.

На овие слики се гледаат доста од бизнисите, како и имињата на улиците, па од компанијата ќе започнат да ги користат за автоматско ажурирање на внесените информации во мапите.

Се разбира, сето ова не може да биде направено доволно брзо и точно од човек, па ќе биде користена вештачката интелигенција која до сега се има покажано како точна во 84,2% од случаевите.

Ова значи дека на Google Maps ќе може да бидете прилично сигурни дека ги гледате најновите достапни информации за одредена локација, а со тоа ќе станат уште покорисни.

Извор: Google, Mashable

Претходна статијаEmoji иконите како можна замена за ПИН кодовите
Следна статијаSurface Pro 5 сепак нема да биде претставен на Build 2017
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.