Токио
Фото: ShutterStock

Технологијата на фацијално препознавање наоѓа сé поширока примена во секојдневниот живот. Сосема е реално да се очекува тaa да стане еден од главните начини за идентификација во иднина. Крупен чекор во таа насока планираат организаторите на Олимписките игри кои ќе се одржат во Токио во 2020.

Нивниот амбициозен план предвидува аплицирање на оваа технологија на најголемо ниво до сега. Имено, тие планираат со оваа технологија да биде контролиран влезот, односно идентификацијата на сите инволвирани во игрите, освен публиката. Учесниците, членовите на олимписките тимови, делегатите, медиумите и сите кои инаку би имале легитимација за слободен влез ќе бидат идентификувани со помош на скенирање на ликот.

Вкупната бројка на луѓе опфатени со овој амбициозен чекор се движи околу 400.000 луѓе. Ова ќе претставува најмасовна примена на ваква технологија до сега. Секој кој ќе аплицира за акредитација ќе мора да достави фотографија која системот ќе ја обработи и ќе ја користи како примерок при идентификацијата.

Технологијата ќе биде ставена на тест, за можеби во иднина да биде применета и врз публиката. Периодот од две години до одржувањето на ОИ во Токио остава доволно простор фациалното препознавање да биде унапредено на ниво на задачата. Компанијата која стои зад софтверот има солидно реноме. Нивните системи умеат да препознаат ликови директно од безбедносни камери. До сега тие наоѓале широка примена во сферата на безбедноста но и во комерцијални цели.

Извори: DigitalTrends, JapanTimes

Претходна статијаOnePlus 6 ќе биде претставен во март и ќе биде првиот смартфон со сензор за отпечатоци под екранот?
Следна статијаAndroid P ќе им овозможи на операторите да ја сокријат јачината на сигналот