Повеќето корисници сѐ уште ја немаат добиено O верзијата од Android, меѓутоа полека доаѓа време кога Google ќе ја претстави наредната 9та верзија од оперативниот систем чие име ќе започне со буквата P.

Една од првите информации која ќе ја дознаеме за новата верзија од Android ја откриваат дечките од XDA Developers разгледувајќи го кодот којшто е во развој.

Според нив, Android P ќе им овозможи на операторите да ја сокријат информацијата за јачината на сигналот на нивната мрежа. Сега за сега, оваа информација ќе остане да им биде достапна на апликациите, па корисниците ќе може на тој начин да дознаат каков сигнал имаат.

Јачината на сигналот сигурно не е нешто што корисниците редовно го проверуваат, меѓутоа е навистина корисно да се види кога повикот не може да се воспостави или кога повикот почнува да се губи.

Дали операторите ќе ја користат оваа можност во новата верзија од Android ќе видиме, меѓутоа искрено се надеваме дека нема.

Инаку, наредната верзија од Android треба да биде претставена во 2018, па да има стане достапна на програмерите и производителите на мобилни до крајот на истата.

Извор: AndroidHeadlines

Претходна статијаФацијално препознавање наместо акредитација на ОИ во Токио
Следна статијаКорисниците на Reddit го „испрашуваа“ Сноуден
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.