USPTO

Facebook едно време се обидуваа да развијат систем преку којшто ќе можат да им овозможат интернет пристап на луѓето на Земјата, во делови од неа каде пристапот го нема. За тоа можевме да видиме дека тие развиваат летала кои можат да останат во воздух подолго време, но сепак минатата година овој проект изгледа беше откажан.

Нов патент од компанијата покажува дека тие можеби уште планираат или за некогаш во иднина, да продолжат со обидот за овозможување на интернет, а можеби и да најдат друга примена на леталата кои ги развиваат.

Кога нешто е во фаза на патент сепак значи дека не е познато и сигурно дека некогаш ќе биде развиено, но како и секогаш, ни дава поглед кон тоа на кое работат и размислуваат компаниите.

Патентот којшто од Facebook го имаат поднесено при крајот на минатата година, прикажува дрон, односно беспилотно летало, кое лета со помош на два змејови. Од сликите се гледа дека тие се поставени на различни страни и на различна висина.

Овој начин на летање на дроновите би овозможило поголема независност, односно повторно оди во правец на летала кои доста долго време можат да останат во лет, нешто што беше карактеристика и на претходните летала кои требаше да овозможат интернет пристап.

Facebook изминатите години не е во истата позиција што ја имаше порано, па веќе не е познато што ново може да се очекува од компанијата. Проблемите може да предизвикаат отпор кон некои производи од Facebook, а посебно такви кои можат да се видат како потенцијална закана за приватноста.

Оставете коментар