Dynamics
Фото: Dynamics

Платежната картичка на Dynamics е софистицираниот роднина на вашата „обична“ чипувана VISA или MasterCard картичка. Именувана Wallet Card (новчаник), на прв поглед таа е сосема идентична со своите роднини.

Меѓутоа, таа во себе крие чип и ред други компјутерски компоненти, како и минијатурен дисплеј. Картичката беше претставена на годинешниот CES, а главната цел е да понуди повисоко ниво на безбедност.

Dynamics
Фото: Dynamics

Картичката има способност да го информира сопственикот во врска со евентуални неправилности или безбедносни ризици. Понатаму, нема потреба од реиздавање на традиционален начин. Таа едноставно може да се репрограмира и да добие нов број. Со помош на чипот во неа таа може да се онеспособи или репрограмира во речиси било кое време. Понатаму, постои можност за „чување“ на повеќе платежни картички во дигиталниот „новчаник“.

Од компанијата која стои зад проектот се уверени дека на овој начин ќе допринесат за намалување на кражбите и злоупотребите со платежни картички. Развојот на ваква картичка е унапредување на веќе постоечката технологија, во насока на безбедност и практичност.

Што се однесува до техничките карактеристики, Wallet Card е составена од 200 компоненти. Таа користи обновливи извори на енергија за да се одржи во функција. Традиционална магнетна лента, обичен и напреден чип, сите со можност за репрограмирање. Екранот на картичката содржи 65 000 пиксели, сосема доволно за да понуди солидни информации на корисникот.

Проектот доби поддршка од голем број банки, платежни мрежи и сл. од кои акумулираше повеќе од 110 милиони за понатамошен развој. Од Dynamics се уште го немаат обелоденето денот на лансирање на овој производ.

Извори: VentureBeat, BankInovation

Претходна статијаBoeing го покажа хиперсоничниот наследник на Blackbird
Следна статијаСамсунг Галакси А8(2018) претставен во Македонија