view_of_chernobyl_taken_from_pripyat

Иако се поминати 30 години од познатата несреќа во Чернобил, просторот околу се’ уште се смета за далеку од погоден за живот на луѓе. Реакторот којшто бил затворен со тони бетон се верува дека не е доволно добро заштитен, па веќе се изработува дополнителен „покрив“ којшто треба да биде поставен врз него.

Од украинската влада се имаат решено да сепак овој простор не го остават неискористен, па две кинески компании ќе добијат можност да изградат голема соларна електрана која би требало да има капацитет од 1 гигават.

Каде точно во просторот од 2.600 квадратни километри околу реакторот ќе биде изградена електраната се’ уште не е познато, меѓутоа можеби и не е толку важно. Она што е важно е дека овој простор ќе биде искористен за добивање на електрична енергија од чист извор.

Електраната треба да ја изградат две кинески компании, односно GCL System Integration Technology (GCL-SI) и China National Complete Engineering Corp (CCEC). Втората компанија ќе биде главната која ќе го води проектот, додека првата ќе треба да ги овозможи сите потребни делови, односно соларните компоненти.

Извор: Reuters, PM

Фото: Wikipedia

Претходна статијаSnapdragon 835 ќе има 8 јадра и моќна Adreno 540 графика
Следна статијаСе поголем дел од светот е поврзан на интернет, но напредокот се’ уште е најголем кај развиените земји
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.