phone_large

Acompli е нова апликација претставена оваа недела за корисниците на iOS оперативниот систем, односно наменета за корисниците на iPhone. Она што ја прави оваа апликација уникатна и подобра од повеќето други вакви апликации, а сигурно од тие што доаѓаат со оперативниот систем се нејзините функции кои што може да се споредат со целосните email клиенти на десктоп компјутерите. Како што кажуваат од компанијата која што ја развива оваа апликација, Acompli е наменета за бизнис корисниците кои што со неа ќе може да ги извршуваат сите активности поврзани со email пораки, состаноци, фајлови и сето тоа додека се во движење. Се нагласува дека повеќето email апликации нудат можност за примање и испраќање на пораки, меѓутоа кога се работи за закажување или одговарање на барања за состаноци или испраќање на фајлови, тогаш работата станува многу покомплицирана.

acompli-screens

Acompli е составена од неколку делови, односно од email сандачиња, календар, фајлови и контакти. Овие делови од апликацијата овозможуваат да сите активности ги завршите без потреба од отворање на други апликации. Па така, преку календар делот можете да ги гледате и менаџирате сите ваши состаноци, да додавате нови, да одговарате на покани за состанок преку пораките или да испратите покана за состанок до вашите контакти, дури може да испратите порака каде што ќе означите кои денови и часови сте слободни за состаноци.

Сите фајлови кои што ги имате примено преку пораките или испратено се поставени во делот за фајлови со што многу лесно ќе можете да ги најдете и да ги препратите преку порака. Фајловите можете да ги пребарувате преку лентата за пребарување.

Исто како и на десктоп email клиентите, секоја комуникација која што ја правите преку пораките, односно нејзините испраќачи и примачи се зачувани како ваши контакти за лесен пристап до нив. Листата можете посебно да ја прегледувате и менаџирате преку делот наменет за контактите. За секој контакт посебно можете да ги прегледате разменетите пораки, фајлови, како и одржаните состаноци.

Моментално Acompli работи со Microsoft Exchange, Office 365, Google Apps, како и Gmail за обичните корисници.

Acompli е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

acompli-ios-qr

Претходна статијаСлушалки од графен за далеку поквалитетен звук
Следна статијаOpera Coast: Наједноставниот интернет прелистувач за вашиот iOS уред
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.