Mozilla_Firefox_logo_2013.svg

Mozilla веќе одреден период работи на подобрување на својот одличен и популарен прелистувач, Firefox, кој што за жал веќе подолго време ја нема првата позиција која што ја изгуби од Chrome на Google.

Од организацијата работат на тргање на поддршката на застарени програмски јазици и соодветно на тоа код вклучен во прелистувачот, а истото важи и за додатоците од програмерите. Промените треба да придонесат за осовременување на прелистувачот, како и подобрување на брзината на работа, а со тоа и генералното корисничко искуство.

Во рамките на оваа задача, од Mozilla најавуваат дека во некои од идните верзии на Firefox ќе тргнат две функции кои што според нив не се доволно користени за да се оправда понатамошниот нивни развој.

Едната од функциите е Таб групи (Tab Groups), која што овозможува визуелно групирање на отворените табови во посебни групи, а со тоа и нивна подобра организација. Ова изгледа како одлична можност која што ние не ретко ја имаме користено. Наместо отворање на повеќе посебни прозори од Firefox, организирањето на голем број на табови може да се направи во еден.

firefox-tab-groups

Сепак, мал број на корисници ја користат оваа можност, па од Mozilla решија истата да не остане достапна во иднина.

Другата функција која што ќе биде тргната, односно во овој случај прилагодена е поддршката за целосни теми. Целосните теми овозможуваат промена на изгледот на прелистувачот, но и на делови од неговиот код, што овозможува појава на слабости, како и намалување на перформансите.

firefox-theme

Корисниците и во иднина ќе можат да го менуваат изгледот на прелистувачот со теми, меѓутоа истите ќе бидат површни, а најдобра е споредбата со темите достапни за Google Chrome.

Извор: VB

Претходна статијаBosch BoniRob – Земјоделски робот
Следна статијаНеколку промени од Facebook изминатиот период
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.