bosch-deepfield-robotics-bonirob-1447357863036

Занимавањето со земјоделие има неколку тековни и редовни проблеми, а еден од тие е тврдоглавоста на плевелот и разни видови треви кои постојано растат меѓу „легитимните“ растенија и треба да се уништуваат, најчесто на физички и хемиски начин.

Овие се исцрпувачки и скапи методи за земјоделците, кои често треба да поминуваат часови корнејќи ги овие треви или прскајќи ги со разни препарати. За да им помогне Bosch го создаде BoniRob.

Се работи за машина-робот чија работа е елиминација на тревките од почвата. На него има камера и роботска „рака“, како и тркала. Кога ќе се активира, оди по полето и бара тревки со камерата која ја пренесува сликата до софтверот за препознавање на слики. Штом ги препознае BoniRob ги „тепа“ т.е. удира еднаш или повеќе пати така уништувајќи ги. Нормално, ги остава другите растенија кои не се непожелни тревки.

Секако, BoniRob би бил прескапа машина ако го прави само ова, па од Bosch им текнало дека камерата покрај препознавање на тревки може да се користи и за автоматизирано препознавање и следење на состојбата на другите растенија. Роботот исто така ќе има способност за учење, па со текот на времето ќе станува се` подобар во својата работа на препознавање на растенија и нивната состојба.

Засега BoniRob е за вас одличен вовед во идното роботизирано земјоделство во кое човечкиот придонес ќе биде минимален (како на оваа роботизирана фарма во Јапонија).

Извор: TechInsider, IEEE

Претходна статијаНов софтвер за екраните на допир, ќе препознава под кој агол ви е поставен прстот
Следна статијаMozilla Firefox останува без Tab Groups и целосни теми