3D Touch на Apple е навистина иновативен и отвора многу нови можности кај iPhone 6S и 6S Plus, но не е ништо во споредба со FingerAngle технологијата за екраните на допир, која ќе знае под кој агол ви е поставен прстот и според тоа ќе овозможи различни функции.
Оваа технологија би можела во почеток да биде многу корисна за уредите со помали екрани, како на пример паметните часовници. На пример, за зумирање на некоја слика, денес е стандардизирано движењето со двата прсти. Сепак, на малите екрани кај паметните часовници ова не е можно и можноста за препознавање на аголот на прстот може многу да помогне.
FingerAngle има многу можности, како препознавање на аголот на прстот, но и можност за препознае вртење на еден прст, што секако би можело да биде корисно во ситуации каде инаку користите два прсти. Исто така, во многу игри, движењето со виртуелните „џојстик“ команди е навистина тешко, проблем кој би можел значително да биде подобрен со оваа технологија.
Најинтересното околу FingerAngle е тоа што е софтвер. Да, може да се вгради во многу денешни, актуелни смартфони со надградба! И поради тоа, можеме и да се надеваме дека набрзо ќе го видиме во уредите на поголемите производители, особено во Android сферата, каде најбрзо се вградуваат новитетите од светот на софтверската технологија.
Извор: The Next Web, SlashGear, Gizmodo