Skype претстави нова функција на својата апликација, наменета примарно за своите бизнис-корисници. Имено, Skype преку својата функција Skype Interviews, поддржува спроведување на техничко интервју, за проверка на вештините на потенцијалниот кандидат, преку засебен веб-сајт кој нуди резултати во истиот момент.

Веб-сајтот нуди опција за проверка на вештините на 7 програмски јазици и увид во прогресот во секој момент. Опцијата е достапна во својата тест-варијанта, само за корисниците на Skype преку веб-пребарувач.

Секако, Skype не е првата апликација која нуди ваков вид на можности, меѓутоа се издвојува по својата повеќенаменска природа. Тоа ќе значи дека потенцијалниот работодавец би можел да спроведе интервју со сите негови сегменти користејќи само една апликација.

Skype нуди истовремено користење на апликацијата за кодирање и видео-повик, со што овозможува полесна и попрактична комуникација помеѓу учесниците на разговорот.

Меѓу останатите погодности, може да се напомене дека за користење на функцијата нема потреба од симнување или инсталирање на било каков софтвер, па дури ниту креирање на налог, бидејќи кандидатите можат да го користат сервисот како „гости“.

Извори: TechCrunch, EnGadget, ZdNet

Претходна статија“Speedo” и “Samsung” разбрануваа со партнерство со цел спој од водечките индустриски способности за следење на пливањето преку уредите “Gear Fit2 Pro“ и “Gear Sport“
Следна статијаIntel претстави нов чип фокусиран кон вештачката интелигенција