untitl23ed

За тие што не се во тек, „Algorithmia“ е платформа за развивање и заработка од алгоритми. На некој начин, таа функционира слично како интернет-страница за сток-фотографија, само што се работи за алгоритми. Целта на Algorithmia е да се олесни соработката помеѓу луѓе што развиваат алгоритми и да се олесни процесот на развивање на алгоритми и производи кои би користеле алгоритми. Од друга страна, таа овозможува луѓето што се занимаваат со развивање алгоритми за разноразни употреби да остварат дополнителна заработка.

Базата на алгоритми константно се шири, со тоа што има простор за побарувачка на алгоритми кои ги нема моментално во базата со цел да се развијат по потреба.

Интернет-страницата е моментално во функција со повеќе од 800 алгоритми подготвени за употреба. Базата константно расте, како што расте и побарувачката.

За развитокот на Algorithmia биле инвестирани повеќе од 2,4 милиони долари, што покажува дека многу инженери и компании ја поддржуваат идејата бидејќи на овој начин многу од заборавените алгоритми ќе имаат живот, а во исто време се олеснува и работата за развивање на разни апликации, скрипти, уреди, роботи и слично. Практично, Algorithmia би имала и голем удел во образованието и истражувањето, со оглед на тоа што честопати многу научни програми се одвиваат споро и скапо поради тоа што се нема пристап до соодветни алгоритми за да се изврши задачата. Вака можат да побараат одреден алгоритам низ системот на „Algorithmia“ и секој може да се обиде да им помогне, а за тој што ќе успее има и заработка.

Извор: TechCrunch, TechCrunch

Претходна статијаНовиот BlackBerry Porsche чини 1650 евра
Следна статијаСиликонската долина VS Смртта (втор дел)